Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа Невесиње, Босна и Херцеговина.

Објавил: Македонка Димкин | 21 декември, 2019 15:58

Се тресе Босна и Херцеговина, нов земјотрес ги исплаши граѓаните

Фото/Текст извор: ©printscrin

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во областа Невесиње, Босна и Херцеговина.

Епицентарот бил на 12 километри јужно од Невесиње на длабочина од 10 километри.

Во текот на ноември и декември годинава, Источна Херцеговина беше погодена од неколку земјотреси. Некои предизвикаа штета, но за среќа немаше повредени.

Последниве месеци не мирува тлото кај Босна и Албанија а сето тоа се чувствува и во Хрватска а понекогаш во Македонија.

Серијата земјотреси во Македонија поточно во Охрид во летото 2017 – беа своевиден феномен но доволно силен да ги избрка туристите од Охрид покажува извештајот на официјалната интернет страница на Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар.Првиот земјотрес во Јуни 2017  бил во 2.16 часот (по локално време) и бил со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на осум километри североисточно од Охрид и три километри источно од селото Косел, во близина е лоциран и единствениот активен вулкан на Балканот – Дувалото.

Оваа годиниа беше 56-годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести